Добивката на „Tesla“ во вториот квартал над милијарда долари

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla првпат во едно тримесечје заработил повеќе од милијарда американски долари, објави компанијата.

Компанијата којашто ја основаше претприемачот Илон Маск остварила десеткратен раст на нето добивката на годишно ниво во кварталот до крајот на јуни, од 1,1 милијарда долари.

Приходите се зголемени за 98 отсто, на вкупно 12 милијари долари.

Тримесечните резултати на компанијата далеку ги надминуваат претходните очекувања на аналитичарите, но берзите реагираа релативно претпазливо. Така, акциите на „Tesla“ остварија само блага добивка.

„Tesla“ постигна рекордни резултати и во производството и испораката на електрични автомобили во изминатиот квартал. Компанија на купувачите им испорачала 201.304 возила а произвела 206.421, најмногу досега во едно тримесечје од основањето на компанијата во 2003 година.