Добро е што Ковачевски не оди во Киев, зашто Рама може на Зеленски на шега да му каже дека е премиер на Источна Албанија, вели Хајредини

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на Фејсбук пишува дека добро е што премиерот Димитар Ковачевски не оди во Киев, зашто албанскиот премиер Еди Рама може на украинскиот претседател Володимир Зеленски на шега да му каже дека е премиер на Источна Албанија.

Премиерот Димитар Ковачевски овој период има набиена агенда и не е во можност, да оди во Киев, одговараат од Владата. Деновиве Рама се пошегува и кажа дека Ковачевски е премиер на идна западна Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.