Доцнел на аеродром, па јавил дека има бомба во авионот

Еден патник што задоцнил на аеродром се јавил во аеродромот Внуково во Москва и им јавил дека е подметната бомба во авионот на лет за Екатеринбург, соопшти полицијата.

Патникот бил задржан од полицијата што го пречекала на аеродромот.

Сите патници и целиот авион поминаа ригорозна контрола, вели претставник на полицијата и нагласуваат дека ако патникот биде прогласен винове н за лажна узбуна и вознемирување, него го очекува затворска казна, пренесува ТАСС.