Додека Амазонија гори, Болсонаро на светот му порачува да не се меша

Во екот на сѐ поголемите критиките поради пожарот кој беснее ширум Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во четвртокот ноќта призна дека е можно фармерите илегално ги подметнуваат шумските пожари, но рече дека странците не треба да се мешаат во бразилските внатрешни прашања.

Францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, претходно вечерта на Twitter изразија загриженоста поради пожарите кои достигнаа рекорден број оваа година, уништија широки појаси шуми кои се сметаат за вителен бедем против глобалното затоплување. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро остро одговри на тоа, сметајќи го за мешање во внатрешните работи на неговата држава.

„Земјите кои тука испраќаат пари, не ги испраќаат од милосрдие… ги испраќаат со цел да се мешаат во нашата независност“, рече Болсонаро во изјавата која беше директно пренесувана преку Facebook.

Меѓутоа, претходно во четвртокот рече дека Бразил самиот нема средства да контролира пожарите.

„Амазонија е поголема од Европа, како можете да се борите против подметнати пожари на таков простор? Немаме средства за тоа“, рече пред новинарите откако ја напушти претседателската резиденција.

Пожарите во Амазонија пораснаа за 83 отсто годинава во споредба со истиот минатогодишен период, покажуваат владините податоци.

Иако пожарите се вообичаени и природни настани во овој период од годината, активистите за зачувување на природата за огромното зголемување на бројот на пожарите ги обвинуваат фармерите кои огнот го подметнуваат поради создавање пасишта. Обвинуваат, исто така, дека фармерите можеби добиле премолчено охрабрување од десничарскиот претседател, кој власта ја презема во јануари.

Болсонаро, имено, во повеќе наврати изјавуваше оти верува дека Бразил мора да ја отвори Амазонија за деловните интереси, да дозволи рударството, земјоделието и дрвните компании да ги искористат природните ресурси. Во средата за подметнување на пожарите ги обвини невладините организации, за што не понуди ниеден доказ. Медиумите оценуваат дека се чини оти во четвртокот отстапи, кога првпат рече дека во заднината на подметнувањата може да се фармерите.