Додека други гинат, двојката Зеленски позираше за „Вог“, модна фотографија во војна, што е ова?!, коментира јавноста

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска дадоа телевизиско интервју во Киев со контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган. Исто така, тие се фотографираа и за познатиот моден магазин Vogue, што немаше најдобри критики во јавноста.

Во најавата за интервјуто планирано за објавување подоцна во средата навечер, претседателот на Украина и првата дама велат дека руската инвазија ги направила уште поблиски еден до друг.

Во еден момент, Морган ја прашува брачната двојка: „Ваквите ситуации можат да го нарушат бракот или да го зацврстат. Дали сега вашиот брак е посилен поради тоа што го поминавте?“ Зеленска одговара: „Се согласувам со теоријата дека бракот станува посилен со предизвиците. Мислам дека истото се случи и во кај нас“.
Првата дама потоа му се обраќа на сопругот, кој пет месеци го предводи украинскиот отпор, барајќи од него мислење за нивниот брак, пренесува хрватски Јутарњи лист.

Зеленски вели: „Мојот одговор не е различен!. „Но, требало да имаш свoе мислење, го подбуцнува Олена “. Зеленски смеејќи се, возвраќа: „Кога си до мене, твоето мислење има предност!“.

Зеленска се омажи за својот сопруг во 2003 година и заедно имаат две деца, 9-годишниот Кирил и 18-годишната Олександра. Олена Зеленска стана прва дама на Украина откако Зеленски беше избран за претседател во 2019 година.
Деновиве таа позираше за специјална насловна страница на Vogue, што некои го сметаат за контроверзен потег.

„Дали другите светски лидери организираат модни фотосесии за време на војна и инвазија?“, „Какво е ова видео и кој мислеше дека ова е добра идеја?“, „Вог пропаганда“, „Сè уште не е Меланија“, „Ова е чудно“, илјадници невини жени и мажи бегаат и умираат. Илјадници украински војници загинаа, а стотици градови и заедници се уништени. Но, да, ајде да направиме снимање на Vogue, се само дел од негативните коментари.

Првата дама на Украина за Vogue зборуваше и за својот семеен живот.

„Ова беа најстрашните месеци во мојот живот и во животот на секој Украинец. Да бидам искрена, мислам дека никој не е свесен колку емотивно излеговме живи од оваа ситуација“, рече таа.

Зеленски заедно со сопругата се фотографираше за Vogue и заедно позираа за познатата фотографка Ени Либовиц.

„Како и секој човек, јас бев загрижен за моето семејство, за нивната безбедност“, рече Зеленски.

„Не се работи за романса, едноставно никој не сака да го доведе своето семејство во опасност. Секако дека ми недостигаа. Многу сакав да ги гушнам. Мојата сопруга има силна личност и е многу посилна отколку што мислеше дека е. Војната, а и оваа, кај човекот го наоѓа она за што не е ни свесен“, додаде тој.