Додека министрите од власта без маски сечат торти, Спасовски покажа сила кон народот и растури бадников оган

Полициска патрола вечерва околу 21:15 часот затекнала десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат мерките за справување со коронавирусот.

-Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи