Додека САД и Кина се во кавга, апел доаѓа од една од најмалите земји на светот

256

Додека гигантите САД и Кина оваа седмица на Генерланото собрание на Обединетите нации се караа околу коронавирусот и климата, една од најмалките земји на свето Микронезија во саботата ги повика на соработка.

„Малезија ги повикува нашите американски и кинески пријатели да ја зајакнат соработката и пријателството… за да го постигнат она што е најдобро за нашата глобална заедница“, изјави микронезискиот педседател Давид Пануело во видео-обраќањето на Генералното собрание на ОН.

Микронезија, која има 113.000 жители, како и нејзините соседи во Паџификот со години се колатерални жртви на дипломатската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот. Кина го презема од САД влијанието во регионот која Вашинготн од Втората светска војна ја смета за своја зона на влијание.

Пануело вели дека нивниот ривалитет им користел на некои држави на Пацификот, но предупреди дека „потенцијално се заканува со пукање на традиционалните сојузништва во нашата пацифичка заедница и би можело да биде контрапродуктивно за нашата колективна желба за постигнување регионална солидарност, безбедност и стабилност“.

Американско-кинеската пресметка се одигруваше пред 193-те членки на ОН, при што Кина се залага за поголемп вликание на мултилатеризмот наспроти традиционалната американска доминација. Тензиите меѓу двете суперсили во светската организација ја достигнаа точката на усвитувањ по прашањето на пандемијата на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.