-Кога сме кај кризната состојба, да ги земете стенограмите од Крешник Бектеши, има само една страна експликација за кризна состојба. Нема информација за јаглен, нема информација на кое ниво се хидро акумулациите, нема информација зошто се продаваат ноќни вишоци, нема никакви информации, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Анализа“ на ТВ24.
Лефков посочи дека во првото полугодие од годинава за набавка на јаглен и на струја се потрошени 1 милијарда и 90 милиони евра и дека македонскиот бизнис плаќа двојно поскапа струја од Косово и тоа според податоци од Еуростат односно 144,5 евра, а Косово 73 евра.
– За да набавиме струја која ја нема, трошиме пари кои ги немаме и реални се само провизиите кои ги договара власта. Македонија ја доведоа на дното, а Србија, Албанија Црна Гора сите произведуваат онолку електрична енергија колку што трошат, ние само за 6 месеци трошиме 1 милијарда и 90 милиони. Македонскиот бизнис плаќа двојно поскапо од регионот и како да има конкуренција на македонскиот бизнис? Ова е практично предавство на сите граѓани, бизнисот и сите општествени сфери, нагласи Лефков.
Во врска со блокадата на Собранието, Лефков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неа и дека ќе трае се до предвремени парламентарни избори кои се решението за излез
– Ние најавивме дека после сето ова што ни се случува со узурпираните институции, затоа што нема преговарање со узурпатори, единствено ќе работиме во интерес на граѓаните и спасот од оваа цела ситуација го гледаме во предвремени парламентарни избори. На овој начин сега е неодржливо да се води државата, тоа го гледате и на сите собраниски комисии. Секогаш се стигнува 5 до 12, нема дискусија. Ние како опозиција имаме одредени механизми, некои закони не им успеаја, ќе ве потсетам дека мандатот на судиите и обвинителите не беше продолжен, закони беа повлечени од имаа недоследности, истакна Лефков.