Додека стопанството трпи поради коронакризата, струмичка фирма во договор во „четири очи“ добива теднер за скопска Дрисла

Додека Скопје, Куманово, Прилеп, додека Република Македонија се бори со корона пандемијата додека луѓе умираат желбата на власта за криминал е највисоко ниво – се „тера“ тендер во Дрисла од 200 илјади евра кој ѝ се додели на струмичка фирма блиска до луѓето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Додека граѓаните се принудени да седат дома заради кризата со корона, додека расте бројот на заразени, додека докторите и медицинскиот персонал се без заштитна опрема, блиските луѓе на Зоран Заев најдоа погоден момент да земаат огромни тендери од Град Скопје и градоначланикот Петре Шилегов, и тоа  по пат на преговарање во „четири очи“, рече Јанушев.

Посочи дека во услови дедека граѓаните и стопанството се борат со здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, само бизнис партнерите на  Заев и блиските до СДСМ користат прилика да го осиромашат Буџетот.

„Имено, се работи за тендер доделен во четири очи од Град Скопје, односно од ЈП Дрисла на фирмата „Алпима Градба ТИМ“ ДООЕЛ Струмица, на 18 март оваа година, во вредност од 12.390.000 денари или 200 илјади евра. Тендерот е за наредните три месеца и е за изнајмување градежни машини на ЈП Дрисла“, цитираше Јанушев.

Додаде дека сопственик на оваа фирма која е и единствен понудувач по пат на директно преговарање и која го добила тендерот од над 12 милиони денари во ислови вонредна состојба е веќе познатиот на јавноста Александар Пиперевалиев, а фирмата е регистрирана во Струмица.

„Она што е интересно за оваа фирма е дека ова е прв и единствен тендер добиен во изминативе неколку години, фирмата воопшто нема искуство со работење тендери и уште поинтересно е дека својот подем оваа фирма го доживува од 2017 година па навака, откако СДСМ доаѓа на власт. Од 2017 до 2018 профитот кај оваа фирма нараснал за над 3000%. Целиот обрт во 2018 година на фирмата е 12 милиони денари, а сега одеднаш во еден тендер се добива сума од истата висина.

Имено, Пиперевалиев е тесно поврзан со фамилијата Заеви, каде што е близок бизнис ортак со Горан Крстев во фирмата за канабис „Бул билдинг“ Струмица, кој е пак доскорашен бизнис ортак со семејството Заеви преку фирмите „Сара Јавор“ и „Сара Инжинеринг““, прецизираше Јанишев.

Потсети и оти Пиперевалиев дополнително на јавноста и е познат по апсењето на неговиот бизнис партнер во Србија, Предраг Куловија, а според медиумите се водеше истрага за него и бизнис партнерот на Заеви, Горан Крстев.

„Еве зошто Петре Шилегов толку грчевито се бореше да ја земе ЈП Дрисла во свои раце. За да може да склучува тендери во 4 очи на блиски луѓе до Заев и СДСМ. Останатото треба само да го претпоставите каде завршуваат овие 12 милиони денари. На Заев и Шилегов воопшто не им е важно за здравјето на граѓаните. Ним единствено им е важно да го доиспразнат и онака празниот буџет и да го поделат на нивните блиски фирми. За ова – еден ден ќе се водат постапки и сите инволвирани ќе одговараат“, заклучи Јанушев.