Додека Владата не ги признае резултатите од минатото, ќе бидеме на дното

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Призма  зборува за политиките на актуелната Влада во овие десет месеци, кои според него се катастрофални, особено во делот на економијата. Се повикува на извештајот од Светска банка, според кој   Македонија е единствената земја во регионот што го забавува растот за земјите од Западен Балкан. 2017 година е со нула % раст.

„Владата предвидуваше економијата да порасне од 3,2 %, но нема да порасне повеќе од 2,3%.  Повторно имаме 1% кој Владата претходно го предвидела, но не може да го исполни поради немањето капацитет и идеи, а тој 1% претставува точно 120 милиони евра. Уште поалармантно е што нема странски инфестициии“, вели Мицкоски.

Тој додава дека сѐ додека Владата не ги признае резултатите од минатото, ќе бидеме заковани на дното, а веќе не се мериме со Европа туку со регионот, каде што сме последни.

На прашањето дали за десет месеци може да се надомести штетата што била направена во изминатите 11 години, тој вели дека „таканаречениот реформски премиер гордо истапуваше пред народот и велеше ‘имаме јасна претстава што се случува, имаме јасен план’. Десет месеци е четвртина од мандатот. Колку им треба, уште два мандата? “.

За долговите кои се враќаат од минатото, на што постојано посочува власта, Мицковски смета дека позајмицата од  34 милијарди денари од надворешни и домашни кредитори, била за враќање на долг, но биле вратени само  17 милијарди денари, а другите 17 милијарди стојат во НБРМ со камата нула. А истовремено за тие средства плаќаат камата кај тие што им ги позајмиле, која што изнесува околу еден и пол милион евра. Тој предупреди дека некој ќе одговара за тоа кога ВМРО ќе формира Влада.

На прашањето во каква состојба Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја оставиле држават, тој вели: „Вие зборувате со лидер на ВМРО-ДПМНЕ во овие три и пол месеци. Ако сакате, можам да направам ретроспектива за 27 години наназад – и за октоподите, и за криминалната транзиција, и како се аболицираа премиери“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.