Додека Заев се занимава со дворски игри, Мицкоски игра регионално – за четири дена средби со тројца европски премиери

Додека премиерот Зоран Заев се занимава со дворски игри и политички манипулации во обидот да најде оправдувања за неуспесите кои ги дожувува земјата на сите полиња благодарејќи на владата водена од неговата СДСМ, опозицискиот челник Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изминатава седмица преземаа дипломатска офанзива и имаа средби со тројца премиери на земји членки на Европската унија од регионот, докажани пријатели на Македонија.

За четирите дена резултатот од дипломатската офанзива на Мицкоски е средби со тројца европски премиери: унгарскиот Виктор Орбан, словенечкиот Јанез Јанша и хрватскиот Андреј Пленковиќ, како и со работни средби со двајца министри за надворешни работи, шефовите на унгарската и на хрватската дипломатија, Петар Сијарто односни Гордан Грlлич-Радман.

Посетата на Мицкоски и Николоски на европските престолнини како Будимпешта, Љубљана и Загреб, помалку е и иронична кога ќе се имаат предвид постојаните обиди на СДСМ да ја претстави ВМРО-ДПМНЕ како „антиевропска“ партија. Имено, токму Мицкоски во време кога Заев и неговиот кабинет не успеаваат да ги убедат западните сојузници во своите политики и ја бламираат земјата испраќајќи претставници во Брисел кои им ги враќаат поради поврзаност со происточни тајни служби., лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги ги јакне врските со земјите од ЕУ.

Во понеделникот Мицкоски и Николоски престојуваа во Будимпешта, и во унгарската престолнина остварија работна средба со премиерот претседател на сестринската партијата Фидеш, Виктор Орбан, а претходно имаа одделна средба со унгарскиот министер за надворешни работи еден од повлијателните шефови на дипломатиите во ЕУ, Петер Сијарто.

И тоа доаѓа во периодот кога Заев не успева да добие никава конкретна, па ни формална вербална поддршка од некој од европските челници. Па дури ниту да оствари каков и да е контакт со нив во обидот да се одблокира процес на приближувањето на Македонија кон ЕУ.

Наспроти тоа, на средбата со унгарскиот премиер Орбан, како што беше известено, биле констатирани одличните и пријателски односи коишто постојат меѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидеш, а Мицкоски се осврна и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на Бугарија, коешто Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во ЕУ. Мицкоски притоа побарал поддршка од пријателска Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции, при што доби недвосмислена поддршка од унгарските пријатели.

„Премногу долго државата е заробена во недостигот од реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Будимпешта.

Соговорниците разменија мислења и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од Covid-19 пандемијата. Притоа Мицкоски констатираше дека светот оди напред со големи чекори, а како пример ја посочи Унгарија која имаше економски раст од 4,9 отсто минатата година во услови на коронакриза, додека Македонија поради катастрофалните политики на владата на Заев влезе во рецесија.

„Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал. Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради Covid-19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

Претходно на работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, стана збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес и посочи дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на ЕУ.