Додека земјите во регионот започнаа со вакцинација, Владата на Заев лицитира со датуми и вакцини кои никако да пристигнат

„Додека целиот регион со петни жили се обидуваат да најдат што поголема бројка на вакцини за своите граѓани очигледно е дека кај нас воопшто не се интересираат челниците на власта вклучително и премиерот Заев, министерот Венко Филипче и сите оние останати кои што изминатиов период ги гледавме целовремено на медиумите со прес конференции како известуваа за корона пандемијата во Република Македонија. Така да, морам да потенцирам додека сите други влади од регионот, но и од Европа, оние кои што сериозно го сфаќаат своето функционирање и здравјето на граѓаните во нивните држави, се бореа, се трудеа, бараа, лобираа да најдат што повеќе вакцини, тука кај нас во Република Македонија гледаме само прес конференции на кои што тековно се известува за ситуацијата, а практично во најголем дел тие прес конференции на некој начин ги смируваа лажно граѓаните, појасни Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своеото гостување на „Радио Лидер“.

Арсовски додаде дека другите држави бараа вакцини, нашата влада ја тресеја скандали. Со ова темпо со кое се движи државата тешко дека македонските граѓани ќе добијат вакцини против КОВИД-19. Оваа влада потроши повеќе од милијарда евра за справување со епидемијата, но резултатите не се почувствуваа, напротив се повеќе граѓани заболеа од КОВИД – 19, се повеќе граѓани останаа на улица.

„Нашата соседна држава Србија односно нивната влада ќе ни донира 8.000 вакцини, нормално таа донација може со сигурност да видам дека се работи како милостина кон македонската вдржава, бидејќи самите гледаат дека оваа Влада е неспособна да обезбеди вакцини“, појасни Арсовски.

Арсовски посочи дека позитивен пример е како албанскиот премиер се избори за својата држава, за своите граѓани да имаат вакцини против КОВИД-19. А, владата на Заев наместо така да се избори, тиесамо лицираат со бројки на вакцини и со датуми кога ќе пристигнат истите.

„Политиката на оваа влада е „Купи ден – помини“, секојдневно измислуваат што ново да ги излажат граѓаните за да нивната неспособност и нивниот неуспех го сокријат. За жал додека македонскиот народ ги трпи оваа неспособност на владата предводена од СДСМ, сите земји во регионот веќе почнаа со вакцинирање“, нагласи Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.