Доделени наградите Греми: Некои си заминаа со по четири награди, а ова се сите добитници

100

Вчера во Лос Анџелес  беа доделени најпрестижните музички награди Греми на кои најголеми победници се Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.

Карди Б (26) е првата жена во историјата која освоила Греми за најдобар рап албум „Invasion Of Privacy“. Кантавторката Кејси Масгрејвс  ја освои најважната награда – за албум на годината за „Golden Hour“, а си замина со четири златни грамофони. Трета најважна женска добитничка на вечерта беше Лејди Гага која освои награда во категориите најдобар поп дует за песната „Shallow“ која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“, најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“ и најдобра песна напишана за визуелни медиуми.

Останати добитници на Греми во популарни категории:

Песна на годината – Доналд Гловер и Лудвиг Горансон „This is America“

Најдобар нов изведувач – Дуа Липа

Најдобар поп албум – Аријана Гранде „Sweetener“

Најдобра денс песна – Силк Сити, Дуа Липа, Дипло и Марк Ронсон „Electricity“

Најдобра рап песна – Дрејк „God’s Plan“

Најдобра рап изведба – Кендрик Ламар, Џеј Рок, Фјучр и Џејмс Блејк „King’s Dead“

Најдобар R&B албум – H.E.R. “H.E.R.”

Најдобра R&B песна – Ларанс Допсон, Џоел Џејмс, Ела Маи и Дижон МекФарлан „Boo’d Up“

Најдобар рок албум – Грета Ван Флит „From The Fires“

Најдобра рок песна – Џек Антоноф и Ани Кларк „Masseduction“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.