Доделени наградите за ревијална годишна изложба на ДЛУМ

Во Културно информативниот центар беше отоврена јубилејната 60-та ревијална „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата беа претставени дела на 91 автор од цела Македонија.

Уметничкиот Совет на ДЛУМ ги додели следниве признанија: од областа на ликовната уметност „Димитар Кондовски“ за сликарство отиде во рацете на Емилија Владимир Божиновска, „Јордан Грабул“ за скулптура Уметничкиот совет ја додели на Ангел Коруновски и наградата „Никола Иванов Балтон“ за сликарство отиде во рацете на Микица Трујкановиќ.

На отворањето земаа збор Претедателот на ДЛУМ Сергеј Дамовски и Претседателот на Уметнички Совет Данчо Ордев.