Доделени решенија за субвенции за велосипеди во Гази Баба

Денес 27.07.2022 година, во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед. Оваа мерка за прв пат се реализира во општина Гази Баба и за истата беа наменети 350.000 денари од буџетот на општината.

За доделувањето на решенијата Стефковски информираше на фејсбук, каде напиша:

„Доделени решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди.

Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди. Оваа мерка во општина Гази Баба се реализира за прв пат со што е исполнето уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните.

Оваа година поделивме 350.000 денари од буџетот на општината за субвенции за велосипеди. Покрај субвенциите за велосипеди за прв пат оваа година воведовме и субвенции за електрични тротинети, за чистење на оџаци и за вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобилите. Покрај ова двојно ги зголемивме средствата за субвенции за инвертер клима уреди и печки на пелети.

Кога се работи одговорно и домаќински, средства во буџетот има за сѐ. Сите овие мерки се во насока на заштита на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Ние живееме во едно ново време за нашата Гази Баба. Време кое на дело ќе покаже дека во општина Гази Баба може да се гради и да се реализираат проекти“. – напиша Стефковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.