Доделувањето на Златните глобуси мина во знак на борбата против сексуалното злоставување

Силни говори и пораки на единство доминираа во неделата на 75-то доделување на Златните глобуси, првата додела на награди во Холивуд по низата сексуални скандали кои ја потресоа филмската индустрија, а филмските ѕвезди во знак на поддршка на жртвите носеа црнина.

Најголеми добитници на Златните глобуси, американски филмски и телевизиски награди за 2017 година коишто ги доделува Здружението на странските новинари акредитирани во Холивуд (HFPA) беа филмот „Три плаката надвор од градот“ (или целосно „Три билборда на границата на Ебинг, Миосури“) и тв серијата „Мали лаги“.

Речиси сите учесници на вечерта беа облечени во црнина, одговарајќи на повикот на актерките и организацијата Time’s Up којашто ја основаа големите женски имиња на Холивуд, како Натали Портман и Џесика Честејн за финансирање на правното застапување на жените жртви на сексуално насилство на работните места.

Важен момент на вечерта беше кога продуцентката, водителка и актерка Опре Винфри ја доби наградата Сесил Б. ДеМил за животно дело.

„Да се каже нашата вистина, е најмоќното оружје коешто го имаме. Особено сум горда и инспирирана од сите жени кои почувствуваа дека се доволно силни да го кренат гласот и да ги споделат своите лични приказни. Многу долго жените не беа слушани или не им се веруваше доколку се осмелуваа да ја кажат вистината наспроти моќта на тие мажи. Но готово е со нив!, порача Винфри примајќи овации и предизвикувајќи солзи во танцовата сала на „Беверли Хилтон“.

Продуцентот Харви Вајнстајн, голем донатор на Демократската партија и на кампањите на семејството Клинтон кое инаку има многу приврзаници во Холивуд каде што со децении владееше токму Вајнстајн, е обвинет од стотина жени од филмската индустрија за злоставување, сексуални напади или силувања, а неговиот пад предизвика шокантен бран во целиот свет и во сите сектори на филмската индустрија.

Имено, во продолжение на скандалот, низ големи фигури од светот на филмот, како КЕвин Спејси и Дастин Хофман, се обвинети за сексуални напаствувања.

 

Добитници

„Три плаката надвор од градот“, филм за мајката која бара правда со помош на три огласни плочи и ја осудува инерцијата на полициската истрага по убиството на нејзината ќерка, е награден за најдобар драмски филм, а освои вкупно четири Златни глобуси.

Главната актерка во филмот Френсес Мекдорманд, сценариото на режисерот и сценарист Мартин Мекдонах, и актерот во споредната улога Сем Роквел, исто така, беа наградени.

Филмот „Дамата птица“ (Lady Bird) на режисерката Грета Гервин освои Златен Глобус во категоријата најдобра комедија или мјузикл, а главната актерка Серше Ронан наградата за најдобра актерка во комедија или во мјузикл.

Меѓу телевизиските остварувања триумфираше мини-серијата „Мали лаги“ со Златни глобуси за најдобра мини-серија и награди за главната актерка Никол Кидмна во улогата на претепана жена., Александер Скарсгард во ролјата на нејзиниот насилен сопруг и Лира Дерн за улогата на мајка на девојченце злоставувано во училиште.

Драмската серија „Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale) којашто го отсликува апокалиптичниот свет во кој САД се раководени од фундаменталистичка секта којашто плодните жени ги држи во ропство, ја освои наградата за најдобра серија, а актерката Елизабет Мос за најдобра актерка во истата катергорија. Во оваа категорија инаку  конкурира и „Круна“ (The Crown), „Многу чудни нешта“(Stranger Things) и „Тоа сме ние“ (This Is Us).

Филмската драма за тероризмот „Од никаде и ништо“ (Aus dem Nichts со анлгискиот наслив In the Fade) на германскиот режисер од турско потекло Фатих Акин, ја доби наградата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

 

Добитници на наградите во главните категории

Најдобар драмски филм: „Три плаката надвор од градот“

Најдобра комедија или мјузикл: „Дамата птица” (Lady Bird)

Најдобар драмски актер: Гери Олдман во „Најтемниот час“ (Darkest Hour)

Најдобра драмска актерка: Френсис Мекдорманд во „Три плаката надвор од градот”

Најдобар актер во комедија или мјузикл: Џејмс Франко во „Уметникот на катастрофи“ (The Disaster Artist).

Најдобрата акрерка во комедија или мјузикл; Сорише Ронан во „Дамата птица“

Најдобро режисер: Гилермо дел Торо за „Форма на водата“

Најдобро сценарио: Мартин Мекдонах за „Три плаката надвор од градот“

Најдобар спореден актер: Сем Роквел во „Три плаката надвор од градот”

Најдобра споредна актерка: Алисон Џени во „Јас, Тонја“

Најдобар анимиран филм: „Коко и големата тајна“

Најдоар странски филм: „Од никаде и ништо“ – копродукција Германија/Франција

Најдобра оригинална песна: „Тоа сум јас“ (This Is Me) од „Најголемиот шоумен“

Најдобра драмска серија: „Приказна на слугинката“ (The Handmaid’s Tale)

Најдора телевизиска комедија или мјузикл; „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ (The Marvelous Mrs. Maisel)

Најдобар актер во тв драма: Стерлинг К. Браун во „Ова сме ние“

Најдобра актерка во тв драма: Елизабет Мос во „Приказна на слугинката“.

Најдобар глумец во телевизиска комедија или мјузикл: Азиз Ансари во „Господар на никој” (Master of None)

Најдобра актерка во тв комедија или мјузикл: Рајчел Броснахан во „Прекрасната г-ѓа Маисел” (The Marvelous Mrs. Maisel)

Најдобра мини серија: „Мали лаги“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.