Додик и Изетбеговиќ ги критикуваа американските дипломати Шоле и Ескобара

Челниците на најголемите бошњачки и српски партии во Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ и Милорад Додик кој е и претседател на ентитетот Република Српска, ги обвинија американските функционери и дипломати Дерек Шоле и Габриел Ескобар за пристрасност, како и дека го кршат Дејтонскиот договор со кој токму американската администрација стави крај на војната во БиХ во 1990-те години.

На сослушувањето пред Надворешнополитички комитет на американскиот Сенат претходно седмицава, советникот на државниот секретар Дерек Шоле и специјалниот претставник за Балкан, Габриел Ескобар, го критикуваат Милорад Додик за сецесионистички потези, а водечката бошњачка Партија на демократската акција (SDA) поради блокади и национализам.

Шоле и Ескобар го поддржаа одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шоле, чие именување на позицијата е проблематизирано поради тоа што не е одобрено од сите земји кои учествуваат во тоа, кој наметна одлуки за деблокирање на Федерацијата БиХ и овозможи формирање влада во Сараево од која е елиминирана токму SDA на Бакир Изетбеговиќ. На тој начин, сметаат американските дипломати, во Федерацијата БиХ е создадена рамнотежа кон Република Српска која ја опструираше работата на институциите на федерацијата.

Изетбеговиќ во денешниот одговор ги оцени како неточни изјавите на американските функционери, тврдејќи дека одлуките во Федерацијата БиХ биле на штета на Бошњаците.

„Тоа едноставно не одговара на вистината. Ниту привременото суспендирање на Уставот на БиХ с коешто при формирањето на Владата на Федерацијата БиХ го заобиколија потпретседателот на Федерацијата БиХ – Бошњак и мнозинската волја на бошњачкиот народ отвори врата за функционирањето на Федерацијата БиХ, ниту Република Српска доминираше со државата бидејќи немаше влада на Федерацијата БиХ за да ѝ се спротистави“, изјави Изетбеговиќ.

Притоа Изетбеговиќ ја обвини американската администрација и другите влијателни европски земји кои ја контролираат работата на високиот претставник на меѓународната заедница дека се „повлекуваат пред дрскоста на Милорад Додик, охрабрувајќи ги со тоа новите и сериозни напади“.

Според Изетбеговиќ, затоа е нејасно зошто меѓународната заедница во БиХ ја исфрлила SDА од власта, а не оние сили кои се одговорни за нападите врз Дејтонскиот мировен договор.

Милорад Додик, претседател на Република Српска и лидер на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), изјави дека не се плаши од американските закани, како и дека ќе продолжи да го почитува Дејтонскиот мировен договор.

Додик го обвини американскиот специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар, дека застанал зад обидот за негово апсење.

„Пред неколку месеци, можеби пред неполна година, се обидувале, а дури и ги откривме, да преземат некои активности за приведување, апсење. Во мозоците на тие луѓе, како Ескобар, тоа е можно“, рече Додик за Радио-телевизија на Република Српска.