Додик најави враќање во институциите на БиХ, по барањето од Вучиќ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, најави во понеделникот враќање на српските функционери во државните институции на федерацијата откако на тоа го повика српскиот претседател Александар Вучиќ и по дополнителните санкции кои неодамна му ги воведоа САД поради неговите изјави дека ентитетот Република Српска ќе истапи од земјата доколку продолжат обидите да биде укината и да биде мајоризирана под бошњачките политичари.

„Не е малку кога претседателот на Србија ќе ја замоли оваа структура за тоа да размисли“, изјави Додик на прес-конференција запрашан за враќањето на српските претставнции во институциите на БиХ, на што го повика претходно деновиве српскиот претседател Вучиќ.

Додик во петокот во Белград се сретна со Вучиќ, а брзо потоа се надје под критики од опозицијата во Република Српска, Српската демократска партија (СДС) и Партијата на демократскиот прогрес (ПДП), кои му забележаа дека „капитулирал“, и дека ги погазил заклучоците на Народната скупштина на Република Српска.

Тие сметаат дека Додик ги поништил заклучоците на парламентот во Бања Лука кои ја донесоа сите српски партии за бојкот на институциите на БиХ, откако поранешниот претставник Валентин Инцко на последниот ден од својот мандат во јули минатата година прво ги наметна измените на кривичниот закон со кој се негира герноцидот и воени злосторства во Сребеница се кривични дела. Но суштината српскиот ентитет ја гледа во намерите на Сараево и Западот да се одземат правата на Република Српска дадени со Дејтонскиот договор, односно да го укинат српскиот ентитет.

Додик на прес-конференцијата појасни дека ќе инсистира на отстранување на причините поради коишто српските претставници не учествуваат во работата на седници и институциите на БиХ, како и дека дефинитивната одлука за враќање во институциите не е донесена.

„Српските претставници ќе одат на седниците само тогаш кога ќе проценат дека тоа е потребно и е од интерес за Република Српска. Ќе ги почитуваме одлуките на Народната скупштина на Република Српска“, истакна Додик.

Запрашан за најавата за нови санкции на коишто предупреди специјалниот пратеник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар, лидерот на босанските Србии изјави дека Американецот „има потенцијални да нареди нечија ликвидација“.

„Го познавам тој Ескобар лично. Мислам дека има потенцијал и да нареди нечија ликвидација. Во секој случај тоа не мора да нѐ загрижува“, истакна Додик.

Повторно го критикуваше и ткн меѓународен висок претставник за БиХ, Кристијан Шмид, дека лажно се претставува.

„Немам намера да разговарам со лажниот и неизбраниот висок претставник. Република Српска не смее да ги прифати оние кои ни се наметнуваат и тие да решаваат наместо нас“, порача Додик.

Германскиот дипломат Шмид, имено, треба да ја добие довербата во Советот за безбедност на ОН, каде што Русија и Кина, постојани членки со право на вето не го поддржаа неговото именување. Меѓутоа, Западот предводен од САД не ја уважуваат оваа досега воспоставена практика и сметат дека е доволно да го потврди Советот за спроведвуање на мирот (PIC) кои го контролираат и кој ја контролира работата на Канцеларијата на Високиот претставник во БиХ.