Додик се заканува со укинување на единствената војска на БиХ, Комшиќ го обвинува за бунт

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, го обвини српскиот член на државниот врв Милорад Додик дека подготвува вооружен бунт, што претставува кривично дело, предупредувајќи дека нема да биде толерирано нешто такво ниту дека е можно да биде спроведено.

Комшиќ реагираше во вторникот откако Додик во понеделникот вечерта повторно се закани дека властите на Република Српска ќе продолжат со чекори на „демонтирање“ на некои од најважните институции во БиХ, како и дека овој ентитет повторно ќе ја воспостави својата војска, доколку продолжат барањата кон него од страна на Сараево кои Бања Лука ги отфрла.

„Ќе предложиме низ уривање на законот за војската (на БиХ) во рок од неколку месеци да се формира војска на Република Српска“, реле Додик во понеделникот доцна вечерта во Бања Лука, додавајќи дека во ентитетот планираат да го оспорат и фунцкионирањето на Високиот и обвинителски совет на БиХ (VSTV), кое како независно тело има ексклузивни овластувања за именување судии и обвинители на сите ниво.

Додик оцени дека Република Српска има уставно право на своја војска, и порача дека тоа и ќе го искористи, најавувајќи зоастрување на сегашната политичка криза во БиХ, каде моментално поради бојкотот на српските фунцкионери се блокирани Претседателството на БиХ, Советот на министрите и двата дома на државниот парламент.

Со овој бојкот властите на Република Српска сакаат да изнудат поништување на одлуката за именување на Кристијан Шмит за висок претставник на меѓународната заедница за БиХ, бидејќи сметаат дека тој на оваа должност е поставен незаконски, односно дека за тоа би требало да се одлучува во Советот за безбедност на Обединетите нации. Русија и Кина, двете членки со право на вето, инаку се противат на именувањето на Шмит.

Комшиќ на изјавите на Додик реагираше со изјава во која истакна дека најавите претставуваат кривично дело, бидејќи ги проблематизира законите усвоени во парламентот на БиХ.

„Не може во Народната скупштина на РС ништо да се повлече, бидејќи сите тие институции (војската и VSTV) се формирани откако мнозинството во парламентот на БиХ го изгласа нивното формирање, вклучително и Сојузот на незаивсни социјалдеморкати (SNSD на Додик). Значи, без парламентот на БиХ таква одлука нема. Освен тоа, тоа е кривично дело бунт“, рече Комшиќ.

Единствените вооружени сили на БиХ се воспоставени во јануари 2006 година, кога се укинати војските на двата ентита бошњачкиот и српскиот. Таа интеграција е спроведено со голем притисот од страна на претставниците на западните земји во БиХ, особено тогашниот висок претставник на меѓународната заедница Педи Ешдаун. Претходно во октомври 2005 година во парламентот на БиХ беше донесен закон за одбана со кој се дефинира воспоставување единствени вооруќени сили како единствена легална војска на територијата на целата држава.

Со тој закон за одбрана, исто така, изрично се одредува дека сите тела на власта во БиХ ќе ги спроведат сите неопходни активности поради примање на БиХ во полноправно членство на НАТО, што од Република Српска сакаат да го оспорат.

Босанскохерцеговската војска е сочинета од десети илјади професионални војници и офицери, а основата ја прават три полка кои потекнуваат од поранешните Армија на БиХ на бошњачката заедница, Војската на Република Српска и Хрватскиот совет за одбрана (HVO) кои своевремено во 1990-те години меѓусебно крваво војуваа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.