Договор вреден 22 милијарди долари склучија „Microsoft“ и армијата на САД

Технолошкиот гигант „Microsoft“ победи на тендерот на американската армија за набавка на лична опрема базирана на технологијата на „проширена стварност“, обезбедувајќи ја нарачката чијашто вредност во следните 10 години може да порасне на 21,9 милиони долари.

Компанијата две години соработуваше со војската на изработката на прототипот на „интегриран систем за визуелно зголемување“ (IVAS), а во средата соопшти дека војската ја започната фазата на производство.

Техничкиот соработник на „Microsoft“, Алекс Кипман, објави на својот блог дека очилата проектирани да создаваат „засилена перцепција во ситуација во којашто лицето се наоѓа, овозможувајќи размена на информација и носење одлуки во различни сценарија“.

Очилата ќе се произведуваат во Соединетите држави, потврдил за Reuters портпаролот на „Microsoft“.

Компанијата со Пентагон би требало да потпише и договор за услуги во компјутеристиката во облачната форма вреден 10 милијарди долари, но тоа зделка сѐ уште е спорна поради тужбата на конкурентската компанија „Amazon“.

Високи функционери на Пентагон претходно во февруари го информираа законодавците во Конгресот дека министерството а одбрана може да се откаже од договорот, доколку дојде до долготраен судски спор.

Откако „Microsoft“ во 2018 година најави испорака на прототипот на армијата во зделката вредна 480 милиони доалри, најмалку 94 работници побараа од управата да ја откаже здолката и да го запре развојот на „сите технологии на вооружување“.