Договор за изведување на градежни работи на делницата Куманово- Бељаковце

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот помеѓу ЈПМЖ Инфраструктура и компанијата WIEBE од Германија за изведување на градежни работи за делница Куманово-Бељаковце, фаза 1 од железничката пруга на Коридот осум.

Делницата од Куманово до Бељаковце, која е со должина од 31 километар, претставува дел од железничкото поврзување на Македонија со Бугарија долж Коридорот 8.

Настанот е со почеток во 11 часот во МЖ Инфраструктура.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.