Договорен состанок во Тирана за регионална енергетска координација пред грејната сезона

Кон средината на јули годинава во Тирана ќе се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Ова е договорено на онлајн состанокот на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Како што соопшти ЕСМ, на состанокот на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ што се одржа вчера, една од темите беше енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона.

Меѓу главните точки, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји, беше и енергетската криза.