Договорено: Гризман во петок станува играч на Барселона

Според најавите од Шпанија, утре, или најдоцна во вторник, претставниците на Антоан Гризман ќе ги исплатат 120-те милиони евра во канцеларијата на Ла Лига, колку што изнесува откупната клаузула на фудбалерот, со што тој ќе стане слободен играч и ќе премине во Барселона.

Комплетниот трансфер ќе биде завршен во среда, додека фудбалерот во четврток ќе дојде во Барселона со цел да потпише договор.

Официјалното претставување на Гризман е планирано за во петок, а првиот тренинг со екипата ќе го одработи во сабота кога Валверде ќе ја има прозивката.

Доаѓањето на Гризман ќе биде големо засилување за Барселона, заедно со доаѓањето на Френки Де Јонг.

Барселона пред две години беше блиску да го ангажира Антоан Гризман, но трансферот тогаш не се реализираше, затоа управата на Барселона се погрижи да не се повтори истата работа.