Договорено прoизводството на руската вакцина „Спутник V“ во Србија

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) и српскиот Институт за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија во четвртокот дека постигнале договор за производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во Срија, коешто би можело да започне веќе во мај во постројките на институтот, пренесе агенцијата Танјуг.

Србија, како што се додава во известувањето, ќе стане првата земја во југоисточна Европа во којашто ќе се произведува вакцината „Спутник V“ и таа подоцна ќе може да е извезува во соседните земји.

Кирил Дмитриев, директорот на РФПИ, ѝ се заблагодарил на владата на Србија за континуираната поддршка и довербата во „Спитник V“.

„Србија е меѓу првите земји во светот кои ја одобрија Спутник V и ја користат оваа вакцина за заштита на населението од коронавирусот. Произвдоството на руската вакцина во Торлак ќе обезбеди полесна логистика и ќе помогне да се забраа програмата на вакцинација во земјата“, рекол Дмитриев.

Српскиот министер за иновациии технолошки развој, Ненад Поповиќ, меѓу другото рекол дека произвдоството на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“ ќе ги зајакне капацитетите на Србија во борбата против пандемијата на коронавирусот и ќе отвори нови перспективи за дистрибуцијата на оваа вакција во југоисточна Европа.

Вакцината „Спутник V“ е водечка со регистрирација во 56 земји во светот со вкупна популација од 1,5 милијарди луѓе. Ефикасноста на вакцината е 91,6 отсто, потврдено со истражување на независни британски научници од кое резултатите беа објавени во престижниот научен магазин The Lancet.