Договорите што ги потпиша Заев, создаваат наместо да решаваат проблеми

Премиерот Зоран Заев потпиша договори со Бугарија и Грција коишто наместо да решаваат проблеми, тие создаваат дополнителни проблеми, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Николоски потенцираше дека во двата меѓудржавни договори и со Бугарија и со Грција, има комисии кои што треба да преговараат за историја и истите стануваат услов за уцени, а покрај тоа се дозволува потпретседател на Бугарија да ги навредува македонските политичари, додека, пак , на шефот на Стево Пендаровски „му е срам да се поклони“ на Гоце Делчев.

Ова што ни се случува и со Бугарија и со Грција за оваа условеност за пакет, а и изјавата која што денес ја имаме која што е крајно еден потсмев пред се кон држава. Зоран Заев пред се е премиер и вели во однос на посетите се уште е рано да се каже, такво нешто се мисли на средба со Мицотакис, иако господинот Заев често оди во Солун и Халкидики. Вакоо понижување на јавна сцена не знам како поинаку да го протолкувам, рече Николоски.

Истакна дека во исто време го има бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој е и потпретседател на бугарска влада, а кој изјавува македонските политичари се „добри Бугари, само на маса и кога пијат ракија“ и на тоа нема никаков одговор од македонската влада. Николоски додаде дека такво нешто е дно на понижување и затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт нема да дозволува такви понижувања.

Нема да дозволиме потпретседател на влада да вели дека македонските политичари се добри бугари само на маса и кога пијат ракија, нити кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател на државата и претходно кога имаше може да се случи ова што се случи со Мило Ѓукановиќ денес да самиот оди да положи цвеќе на Гоце Делчев, да му е срам на претседателот на Македонија да положи венец заедно со црногорскиот претседател пред најголемата историска личност на оваа држава. Тоа е вистината која што за жал денес ни се случува, нагласи Николоски.