Договорот со Бугарија, црвена линија на ДУИ – Враќање назад нема, укинувањето би било регрес на државата, вели Ахмети

Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува. Ова е црвената линија на ДУИ, исто како и Охридскиот и преспанскиот договор, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.

„Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За да се продолжи по патот кон ЕУ, земјава треба да направи една работа, а тоа е вметнување на Бугарите во Уставот. Што се однесува до изјавата на Алијансата за Албанците дека вметнувањето на Бугарите во Уставот го условуваат со отстранување на терминот 20 отсто од Уставот за Албанците, Ахмети рече дека тоа е мал проблем.

„Прашањето за измена на Уставот е прашање кое бара консензус, како политички така и етнички и прашањето за 20% кое вие го покревате е најмал проблем во однос на големите проблеми бидејќи 20% не менува ништо и јас објаснив неколку пати дека 20 отсто е вметнато само заради постигнување компромис“, додава Ахмети.

Ахмети рече дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не се против да се реши овој проблем и укинувањето на 20% може да се постигне во следниот период.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.