Договорот со Грција е капитулантски, но таквата реалност е дело на Заев

Во емисијата „24Отворено“ при своето гостување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека договорот потпишан со Грција е капитулантски и е дело на Зоран Заев.

Проблемот е во самото почнување на целокупната оваа процедура. Еве ќе тргнеме од самиот почеток, ајде да видиме кој беше мотивот на Зоран Заев да тргне во една ваква авантура. Македонија да биде дел од НАТО, Македонија да отпочне преговори со ЕУ, да му се дозволи да го промени законот за јавни набавки, и Советот за јавни набавки за да може врват тендерите во 4 очи. Да може судот да одлучува поинаку од тоа што треба да одлучува. Да може да стане премиер. Ајде да видиме што беше вистинскиот мотив да ние да дојдеме до еден ваков договор, запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Заев како опозиционер се колнеше во жицата македонска.

На првата лидерска средба тврдеше дека ова што го направи нема да го направи. И на втората лидерска средба тврдеше дека ова што го направи нема да го направи. Но го направи. Сега имаме реалност во државата, на начин на кој што е донесен Преспанскиот договор и имплементиран. За нас  како политичка партија и за мене како политичар тој е капитулантски договор. Но за да ја променам оваа реалност во Република Македонија мене ми се неопходни 80 пратеници и Бадинтер, истакна Мицкоски.

Појасни дека тој не може да излезе пред граѓаните во Република Македонија како политичар и да ги лаже, за да стане премиер, за да може да краде или да реализира некој друг тип на клиентиелизам, и од друга страна да прави се спротивно од тоа што го ветил на народот што го избрал.