Договорот за брегзит го мина првиот чекор во Европскиот парламент

Комисијата за уставни прашања во Европскиот парламент во четвртокот во мачна атмисфера се изјасни за ратификација на договорот за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, што е првата етапа пред гласањето на пленарната седница следната седмица.

Со големо мнозинство, од 26 пратеници 23 гласаа „за“ а тројца „против“, парламентарната комисија даде одобрување кое служи како препорака за гласањето предвидено за 29-ти јануари, кога текстот кој го уредува начинот на раздружувањето ќе биде поднесено пред сите европски пратеници.

Тоа ќе биде последnата поголема фаза со којашто официјално ќе се потврди излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31-ви јануари, по повеќе од три години тешки преговори, остри дебати и три одложувања.

„Се избира меѓу уреден и тврд брегзит“, изјави Ги Верхофштад, известувач за брегзитот, потсетувајќи на важноста на гласањето во парламентот.

Големо мнозинство парламентарни групи изразија желење поради британското заминување, освен групата Идентитет и демократија од крајната десница, која со одобврување го дочекува „овој голем ден“.

„Не е време за славење, иако ја почитуваме суверената одлука на британскиот парламент“, коментираше претседателот на комисијата, Италјанецот Антонио Тајани од Европската народна партија (EPP), од десниот центар.

„Од 1-ви февраури ќе работиме на нов договор меѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Не против Обедитнетото кралство, туку за европските граѓани“, најави Тајани и додаде дека сите институции на ЕУ „ќе работат во одбрана на интересот на европските граѓани“.

Британскиот парламент, пак, во средата конечно го прифати договорот за раздружувањето. Кралицата Елизабета Втора во четвртокот го потпиша, што му дава сила на закон.

Официјалното излегување го следи преоден период, кој според договорот трае до крајот на годинава. Велика Британија во тој период ќе продолжи да ги применува прописите на ЕУ, но нема да учествува во носењето на заедничките одлуки. Преодниот период треба да овозможи безболно излегување, а на двете страни да преговараат за идните врски, во прв ред за трговскиот договор. Но сметаат дека е прекус за такви преговори.