Доказите укажуваат дека грабнувачот во Келн имал исламистички мотиви

Германското обвинителство соопшти во средата дека постојат докази дека Сириецот кој зема заложничка во Келн во понеделникот имал радикални исламистички мотиви.

Сојузниот државен обвините изјави дека сведоци кажале оти мажот, кој според германските правила е идентификуван во медиумите како Мохамед А.Р. рекол дека е припадник на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, како и дека сака да ѝ се приклучи и да отпатува во Сирија. Своите барање ги изнел преку телефон, да му се дозволи да отпатува во Сирија да ѝ се приклучи на Исламската држава, наведува обвинителот во писмената изјава.

„Врз основа на досегашниот увид има доволно знаци дека станува збор за радикална исламистичка заднина“, се наведува во изјавата.

Полицијата соопшти во вторникот дека осомничениот бил во кома откако полицијата неколкупати го застрелала, но неговиот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил во понеделникот околу пладне, кога напаѓачот запалил молотов коктел во ресторан за брза храна, при што повредил 14-годишна девојка. Кога се активирал противпожарниот систем, напаѓачот истрчал и побарал засолниште во аптека во истиот комплекс во кој ја зема заложничката.

Единица на специјалната полицијата влегла во просторот по два часа во кои се водени преговори. Полицијата пукала врз грабнувачот и тешко го ранила, а заложничката е ослободена со полесни повреди.

Обвинителството дека се истражува дали осомничениот изведе напад со помош на Исламската држава или друга терористичка организација.