Докиќ: Не очекувам пик како во Италија, преземените мерки ќе го обезглават

Пулмологот Дејан Докиќ во денешното гостување на ТВ 24 рече дека не очекува раст на случаите со корона вирус како во Италија или Шпанија, бидејќи преземените мерки на ограничување нема да го дозволат тоа.

-Не очекувам пик како во Италија и Шпанија. Во популација во која нема строги мерки, се случува тоа. Тоа не е случај кај нас, бидејќи се преземени мерки кои овој пик ќе го обезглават. Кривата линеарно ќе расте, тој врв ќе биде затапен врв, и не очекувам дека ќе го закочи здравствениот систем. Токму тоа е и целта на мерките. Да, ќе има врв, но ќе биде затапен. Тоа ќе зависи и од верските празници кои доаѓаат. Ако луѓето се собираат во поголеми групи, тоа ќе биде фатално во однос на ширењето, рече Докиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.