Доколку не се ослободат дополнителни количества на гас од Бугарија, Македонија ќе бара од ЕК компензација

-До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисија за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот кој што го имаме со Бугарија кој е целосно закупен од Гаспром. Доколку не се ослободат потребните количини ќе бараме конпензирање на штетата од страна на ЕК за непочитување на нивните Директиви, а зошто да не, и да ја бараме правдата во меѓународен спор со ЕК со Булгаргастранс “, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување во емисијата Аргумент плус на Телевизија 24.

Министерот појасни дека потребите за гас за топланите и за индустријата се обезбедени до крајот на месецот од претходно склучени договори, но иако претходната година се зголеми капацитетот на гасоводот со Бугарија и се ослободија дополнителни 180 илајди метри кубни, сепак, тоа не е доволно за да се обезбедат сите потребни количини за целата индустрија.

-Претходната година заедно со премиерот Ковачевски направивме големи напори и успеавме да ослободиме одредени количини во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, а тука имавме и голема поддршка и од САД, ЕК и во моментов околу 180 милиони нормални метри кубни се ослободени во тој гасовод. До овој момент ТЕ-ТО и индустријата во целина се снабдувааа сами на пазарот, генерално се снабдувале од еден снабдувач кој имал договор со Гаспром, заради количините кои ги има закупено од бугарската страна, од лани, откако ги ослободивме тие количини и оваа година, топланите се снабдуваат со гас од други извори, генерално, од Азербејџан од други ЛНГ терминали“, кажа Бектеши и потенцираше дека за да се задоволат потребите за целата индустрија потребно е да се ослободат уште 200 до 250 илјади нормални метри кубни гас од гасоводот.

Во нашиот случај со гасоводот со Бугарија, кој не се користи целосно одреден период,  од кога е пуштен во употреба, не сме искористиле повеќе од 50% од капацитетите, врз основа на Меѓународни договори и соработка. И покрај билатералниот договор кој што Бугарија го има со Гаспром, треба да е ослободат 40% од тој капацитет, односно од тие 800 милиони нормални метри кубни.

-„Бараме целосно да се почитуваат Директивите на ЕК и да се почитуваат меѓународните договори и да се ослободат 200 до 250 нормални метри кубни за нашата индустрија, порача Бектеши во Аргумент плус.

Нагласи дека најверојатно наредна недела ќе бидат предложени новите мерки од Министерството за финансии и веднаш ќе почне со нивна реализација. Станува збор за субвенции за пензионерите, за студентите, за средношколците, за тие кои се вработени и патуват на работа од поголема оддалеченост од работното место и други мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.