Доколку не стаса помош, Газа за 24 часа ја чека „вистинска катастрофа“

Вода, струја и горива во Газа има за уште 24 часа, и доколку помошта не пристигне лекарите ќе може само да издаваат потврди за смрт, изјави во понеделникот за AFP Ахмед ал-Мандари, регионален шеф на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Хуманитарната помош, вклучително и испратената од СЗО, е блокирана на египетски Синај на границата со палестинската енклава Појасот Газа, поради изостанувањето на договор меѓу Израел и Египет.

Појасот Газа, од 2007 година е под жестока блокада на Израел, а по стравичните напади на радикалното исламистичко движење Хамас, кое владее со енклавата, од 7-ми октомври во Израел е под уште пожестока блокада со исклучена струја и вода, како и запирање на испораките на храна, лекови и други основни продукти.

Обединетите нации Појасот Газа уште во 2020 година ја прогласи енклавата за „несоодветна за живот“ поради израеслата блокада која трае повеќе до 15 години. Денес е под „потполна опсада“ од израелската војска, за најстрашниот напад во Израел во кој беа убиени повеќе од 1.400 луѓе.

На десеттиот ден од непрекинатото израелско бомбардирање, Газа и нејзините 1.4 милиони жители, од кои половината се деца, ја очекува „вистинска катастрофа“ предупреува Ахмед ал-Мандари, директорот на СЗО за источен Медитеран чие седиште е во египетската престолнина Каиро.

Со повеќе од 2.750 мртви, од кои најмалку третина се деца, и речиси 10.000 ранети во Појасот Газа, локалните власти се затрупани со работа, додава ал-Мандари.

 

Новороденчиња, дијализа, респиратори…

СЗО извести дека во палестинската енклава се погодени 111 медицински институции, 12 членови на медицинскиот персонал се убиени, погодени се 60 возила на итната помош, додава ал-Мандари и порачува дека тоа е „во спротивност со меѓународното право и со начелата на хуманоста“.

„Во 22 болници на северот на Појасот Газа има повеќе од 2.000 пациенти, некои се на респиратор, за некои е неопходна редовна дијализа, деца, новороденчиња, жени“, додава функционерот на СЗО додека Израел и натаму ги повикува жителите да го напуштата северот на тесната енклава и да се упатат кон нејзниот југ кон границата со Египет.

„Медицинските резерви се при крајот, така што персоналот уште отсега може да ги подготвува потврдите за настапување смрт“, предупредува ал-Мадари.

Додава дека „лекарите сега траба да им дадат приоритет на пациентите кои пристигнуваат. Немаат премногу избори, има премногу луѓе, некои се препуштени на бавно умирање“.

Околу милион луѓе беа присилени да побегнат од северниот во јужниот дел на Појасот Газа пред најавената израелска копнена инвазија во енклавата, изјави Мартин Грифитс, координатор за итна помош при ОН, што е значително повеќе од бројката од 600.000 луѓе која претходно во понеделникот ја објави израелската војска.

„Мојата главна грижа сега (…) е да добијам помош за Газа“, изјави Грифитс и истакна дека е најважно да им се помогне на луѓето кои се во движење, како и оние кои веќе пристигнале во јужна Газа, „затоа што тие нема да изелезат од Газа“.

Грифитс планира да отпатува во Каиро во вторник за да преговара со високи египетски функционери за отворање на јужната граница со Газа за доставување на помошта.

„Се надевам на добри вести наутро за упатување помош преку Рафах“, единствениот граничен премин кој ги поврзува Газа и Египет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.