Доколку нема брзи избори, СДСМ ќе биде единствениот виновник за последиците од енергетската и политичка криза

Петти ден откако Зоран Заев на прес конференција кажа дека поднесува оставка од лидерската позиција на СДСМ и претседател на Владата. Оставката се уште официјално не е стигната ниту до Собранието, ниту до СДСМ. Државата е на праг на сериозна економска, политичка и енерегетска криза.

Предупредувањата на експертите и опозицијата за штетните владини политики испливаа на површина. Откако Владата на денот на изборниот молк ја донесе новата Уредба за прогласување на енергетска криза од министерството за економија најавија дека веќе во вторник ќе се прогласи кризна состојба и тоа со единствена цел-државата да може да им префрли пари на енергетските компании со цел да се зголеми ликвидноста и да може да се интервенира во увозот на струја.

Актуелната власт ја прекриваше состојбата во енергетскиот сектор и трупаше милионски задолжувања се со цел да го одржи и така нарушениот рејтинг во предизборниот процес во изминатиот период.

Вистината за енергетската криза излезе на површина веднаш по завршувањето на вториот изборен круг и Уредбата за прогласување на кризна состојба.

Поради непланско работење езерата се празни, акумулациите за работа на хидроцентралите се на ниско ниво, посебно последниот месец кога се на минимум со вкупна резерва помалку од 10 проценти.

Поради непланско и недомаќинско работење, машините за ископ на јаглен во РЕК Битола се удавени во вода, ископ на јаловина и јаглен нема, но доколку се работело и добро се менаџирал комбинатот, на депонијата во моментот би требало да има околу 200 000 тони наш јаглен, и немаше да има потреба од тендери за набавка на јаглен.

РЕК Битола се сведе на работа со еден или два блока со половична моќност и со резерви на јаглен за помалку од два дена за работа. РЕК Осломеј нема јаглен и работеше со мала количина на купен јаглен од надворешни компании. ТЕЦ Неготино го потроши својот мазут за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј па сега ниту ТЕЦ Неготино нема можност да влезе во погон.

Оваа состојба беше карактеристична изминатите месеци особено во октомври 2021, но поради изборите паријата на власт и Владата тоа го сокрија од народот.

Владата наместо на време да почитуваше закон и прогласи кризна состојба МЕПСО позајмуваше струја од европскиот енергетски систем за што граѓаните сега ќе платат најмалку 15 милиони евра.

Со енергетската криза ќе следува и економски удар врз граѓаните. За надминување на политичката, енергетска и економска криза неопходни се брзи избори и стабилно владино мнозинство кое ќе работи на изнаоѓање на модели за решавање на енергетската и економска криза. Секое одлоговлекување ќе значи подлабоко запаѓање во политичка криза и милионско задолжување во меѓународниот енергетски пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.