Доколку победи на изборите Сириза ќе го почитува договорот со кредиторите

Доколку победи на изборите на 25 јануари, грчката партија СИРИЗА презема обврска да ги почитува договорите со меѓународните кредитори, изјави економистот Јоргос Статакис, кој се смета за еден од умерените членови на радикалната левица и можен министер за економија во евентуалниот кабинет на Алексис Ципрас, пренесе МИА.

Тој тврди дека неговата партија ќе ги почитува ангажманите на Грција, но и дека левицата има намера да ја предоговори спогодбата на кредиторите со државата.

Статакис објаснил на кој начин може да се случи тоа, нагласувајќи прво дека грчкиот долг не е стабилен и земјата се наоѓа фатена во стапица на долгот, кој и пречи да го врати економскиот раст. Како второ, економистот наведува дека СИРИЗА ќе се потруди да го замени кредитниот договор со програма, ориентирана кон врќање на економскиот раст.

– Третото прашање кое ќе им постави на разгледување пред кредиторите е изработка на реформаторска програма, која ќе доведе до сериозни промени во државната администрација, даночниот систем, борбата против конфликт на интереси и големите приватни интереси, истакна Статакис. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.