Доколку победи на претседателските избори во Барселона, Лапорта ќе го врати Гвардиола на „Камп ноу“

Поранешниот претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објави дека има намера да се кандидира за претседател на клубот.

Тој рече дека е „охрабрен“ од можноста повторно да ја предводи Барса. Лапорта информира дека подготвува документи за изборите во 2021 година и дека во случај на победа, сака да го врати во клубот Пеп Гвардиола, кој сега работи со Манчестер сити.

– Јас многу би сакал да го видам Гвардиола да се врати, но сега тој е во Сити и тој мора да ја донесе оваа одлука самостојно. Пеп е репер за Барселона и многу Каталонци би сакале повторно да го видат како тренер, кажа Лапорта во интервјуто за „ТВ3“.

Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.