Доктори на науки переле пари за Шариќ

Дарко Шариќ денеска би требало да се изјасни за второто обвинение кое што го товари дека испрал и во српската економија уфрлил најмалку 20 милиони евра заработени преку трговија на кокаин.

Обвинителството тврди дека Шариќ за оваа работа ангажирал правни и економски експерти кои имале задача да го осмислат начинот како огромните износи на нечисти пари да се прелеат во легални текови.

Во овој тим се нашле голем број на луѓе со факултетска диплома, од кои двајца носеле и титула доктор на науки. Станува збор за Срѓан Петровиќ, принуден управник на „Металс банка“, и Предраг Милосављевиќ, кој работел во Народна банка на Србија. Првиот склучил договор за признавање на вината, а другиот денеска ќе се најде покрај Шариќ на обвинителна клупа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.