Докторите апелираат: „Поради коронавирусот држете се подалеку од цигарите“

Членот на Научниот одбор на Министерството за здравство на Турција, проф. д-р Фусун Онер Ејубоглу, рече дека пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови, истакнувајќи дека коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Проф. д-р Ејубоглу, проф. д-р Фуат Калјонџу, проф. д-р Метин Озкан и доцент д-р Хикмет Фират на заедничка прес-конференција дадоа информации за тоа како новиот тип коронавирус влијае на пациентите со астма и на пушачите.

Професорката Ејубоглу, истакнувајќи дека коронавирусот нема специфичен третман и вакцина, рече дека според нив главниот извор на коронавирусот се птиците грабливки.

– „85 проценти од случаите се преживува како едноставен грип, за 15 проценти се бара хоспитализација“

Проф. д-р Ејубоглу посочи дека кај хроничните заболувања текот и формата на вирусот се менува. Според професорката, вирусот може да се промени во зависност од количината на внесување на вирусот во телото и можноста на телото да се бори против него.

„Кај хронично опструктивните белодробни заболувања, астмата и хроничните заболувања на белите дробови текот на вирусот може да се промени бидејќи основниот имунитет е ослабен. Знаеме дека вирусот многу повеќе влијае кај пациентите на возраст над 60 години. Може да доведе и до смртни случаи или тешки респираторни болести. Но, знаеме дека младата популација го преживува полесно. 85 проценти од случаите го преживуваат како обичен грип, но, на 15 отсто од случаите им е потребна хоспитализација”, истакна Ејубоглу.

„Хроничните пациенти може да имаат многу варијабилни реакции при зараза со вирусот, особено тие со опструктивно белодробно заболување, со дијабетес, со болести на срце, хипертензија, болни од бубрези, болни од канцер и др. Затоа што системот за одбрана ја губи можноста да се справува со двете ситуации“, смета таа.

Посочувајќи дека коронавирусот трае малку подолго во споредба со грипот, Ејубоглу рече дека кашлицата, температурата, проблемите со дишење и болките во мускулите се главните симптоми на коронавирусот.

„Пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови. Знаеме дека коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари. Ги потсетуваме хроничните пушачи да се оддалечат од цигарите“, потенцираше проф. д-р Ејубоглу.

– „Пациентите треба да патуваат кога нема метеж во минибусите и автобусите“

Ејубоглу, давајќи сугестии за овие пациенти и за општеството рече дека овие пациенти треба да се заштитат особено од вирусни инфекции.

„Предлагаме да избегнуваат затворени простории и средини каде што има метеж. Препорачуваме да ги одложат болничките прегледи, освен во итни случаи, затоа што болниците може да бидат извор на заразување со вирусот. Препорачуваме да патуваат со автобуси и минибуси кога нема метеж. Пред сè треба да внимаваме на миењето на рацете. Треба да ги миеме со вода и сапун, најмалку на 2 часа. Ако не сме болни треба да знаеме дека маските немаат никаква заштита. Ако пациентите со хронични заболувања на белите дробови одат во болница, препорачуваме да се заштитат.“

Ејубоглу, нагласувајќи дека вирусот може да остане жив и во неживи средини, рече дека рацете треба да се исчистат кога ќе се допрат местата како што се копче од лифт и електричните прекинувачи.

Наведувајќи дека здравата и редовна исхрана и спиењето се важни во борбата против коронавирусот, професорката Ејубоглу рече дека оние што се болни треба да се изолираат од општеството.

Таа, препорачувајќи дека маските треба да се менуваат на секои 2 часа, рече дека употребата на едноставните маски е доволна, но тоа се препорачува само за болните.

Ејубоглу, исто така, нагласи: „Коронавирусот поради ефектот на гравитацијата и околната течност веднаш паѓа на земја. Тука е многу важно рацете да ги миеме често и со рацете да не го допираме лицето“. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.