Докторите ќе добијат 10 отсто покачување на платата, но намалување од 15 отсто на дежурствата

Во понеделник докторите треба да ја земат долгоочекуваната и ветената покачена плата од 10 отсто. Ова покачување им го вети министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Но, според неофицијални информации дознаваме дека ветеното покачување ќе биде само на основната плата, а ќе се намалат 15 проценти од дежурствата, објави Курир.

Ако дежурствата им се сметаат по часови, еден час од работен ден чини 300 денари, за дежурство се исплаќаат 170 отсто или 510 денари. За жал, за сето ова што се случува не беа запознаени докторите, а тоа значи дека по договорот, Заев, Филипче и Беговиќ, првиот синдикалец им свртеа грб на нив.

Медицинските сестри и технички добиваат само пет проценти покачување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.