Докторите во Атина загрижени поради загадениот воздух

Медицинската асоцијација на Атина изрази загриженост поради високите нивоа на смог во најголемите грчки градови, објави Greece reporter.

Докторите ги предупредуваат граѓаните да го ограничат користењето на камините, особено кога временските услови се такви што смогот не може лесно да исчезне.

Неодамнешни мерења покажале дека нивоата на загаденост на воздухот се искачиле на загрижувачко ниво во некои делови од Атина, Солун, Патра и Волос.

Асоцијацијата ја повика владата да изнајде нови мерки за да се справи со прекумерната употреба на греење на камини, како резултат на неможноста на граѓаните да си дозволат други видови за загревање на домовите.

Во неделата, властите ги предупредија постарите граѓаните и лицата кои боледуваат од астма за високото ниво на загадување.