Докторот на Трамп: Виталните знаци и физичкиот преглед покажаа дека претседателот е стабилен

Лекарот на Доналд Трамп, Шон Конли, денес даде нови информации за состојбата на американскиот претседател. Тој навел дека претседателот е многу добро.

Истакнал дека претседателот се состанал со тим на лекари во Белата куќа утрото откако прв пат по хоспитализацијата се одморил дома.

„Виталните знаци и физичкиот преглед покажаа дека претседателот е стабилен, со ниво на кислород од 95 до 97 проценти“, пишува Конли.

„Генерално, претседателот е многу добар. Штом дознаеме повеќе, ќе ја информирам јавноста “, рече Конли.