Документот за лажни вести не е став на Европскиот парламент, ова е доказ дека зад вистинската хистерија на лажни вести стои Заев

Вистинската хистерија во Македонија со лажни вести ја создаваат медиумите кои се под контрола на Зоран Заев. Документот кој што вчера беше објавен и преставува анализа за состојбата со лажните вести во државите од Западниот Балкан, не е официјален став на Европскиот Парламент што се наведува и во самиот документ.

Спомнувањето на ЕУ и европските институции во корелација со овој документ како да е официјален став само по себе е лажна вест.

Во известувањето за овој документ присутна е тенденцијата лажно да се прикаже дека за европските институции извор на таквите вести се прикажуваат претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За жал медиумите кои го објавиле овој документ без претходна проверка и неопходна авторизација која се бара согласно документот се злоупотребени од Зоран Заев за ширење на лажни вести и истите стануваат дистрибутери.

Прво во самиот документ стои дека информациите не се официјален став на Европскиот Парламент, ниту на која било друга европска институција.

Второ, како таков во документот стои дека предмет на авторски права и истиот не треба да се користи за цели кои не се комерцијални, негово размножување без претходно одобрување е забрането. Досега не видовме дозвола за негово користење.

Трето, ваков документ може да се искреира од страна на секој член на комитетот за надворешни односи но тоа не значи дека преставува став на самиот Комитет.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи извртување на фактите и ќе го информира претседателот на Комитетот Дејвид Мекалистер, чие тело погрешно се спомнува и злоупотребува од страна на инсталациите на Заев.

Зоран Заев е крал на лажните вести, впрочем неговиот последен став дека има позитивна атмосфера во историските комисии за преговори помеѓу Македонија и Бугарија траеше неполни 12 часа, завршувајќи со наслови дека нема напредок и дека преговорите се фијаско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.