Дол го брани Орбан и бара владеењето на правото да се провери и во други држави

Претседателот на Европската народна партија (EPP), Џозеф Дол, ги бранеше во средата во Салцбург унгарскиот премеир Виктор Орбан и неговата партија Фидеш којашто дел од оваа политичка групација од европскиот десен центар сака да ја исклучи поради наводно кршење на демократските стандарди.

Европскиот парламент, вклучително и повеќето членови на EPP, гласаа во средата за санкционирање на Унгарија којашто ја обвинуваат за игнорирање на прописите на ЕУ за демократијата, граѓанските права и корупцијата.

„Не може новинарите да ме натераат да го исклучам Виктор Орбан. Голем проблем е што сега се зборува само за Виктор Орбан, а не и за корупцијата на другите“, изјави Дол пред почетокот на состанокот на челниците на земјите членки на ЕУ кои се од редовите на EPP.

Притоа најави дека на конгресот на партијата во ноември во Хелсинки ќе ѝ предложи на Комисијата да се занимава и со другите земји во кои е доведено во прашање според него владеењето на правото.

„Во EPP постојат демократија, слобода и правила. EPP сака да знае каде не се почитува владеењето на правото. Тоа би требало да се разгледа и на Малта и во Словачката, а прашњето се поставува и за Романија… Време е со иста доза на критичноста да се провери почитувањето на правната држава и во другите држави членик, како Романија и Малта“, истакна лидерот на европските конзервативци.

Првпат во својата историја Европскиот парламет побара да се покрене санкционирачка постапка проптив некоја држава членка предвиден со членот 7 од Додоговор за ЕУ, иако оваа иницијатива има слаби шанси навистина и да доведе до најстрогата казна, односно одземање на правото на гласот на Унгарија во Советот на ЕУ. Таква иницијатива беше поведена и за Полска пред повеќе од година и пол, а и во двете земји на власт се конзерватвните партии кои со западните земји членки спорат по прашањето на имигрантската политика на Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.