Доларот на најниското ниво во три месеца, цените на нафтата стагнираат по силниот раст

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна на најниско ниво во повеќе од три месеца. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во средата во претпладневното тргување се движи околу 102,46 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,16 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,20 на 146,70 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0995 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0950 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,04 отсто, на 81,65 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,17 отсто, на 76,55 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.