Доларот на највисоко ниво во една година, продолжи падот на цените на нафтата

На валутните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот вредноста на американскиот долар продолжи да расте во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево достигна 106,69 поени, највисоко ниво во една година, додека вчера во истиот период од тргувањето беше на 106,01 поен.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,85 ​​на 156,02 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари, најниско ниво за една година, додека вчера во истиот пресек на пазарот изнесуваше 1,0595 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,59 отсто, на 71,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,67 отсто, на 67,95 долари.