Доларот ослабе, цените на нафтата стагнираат

На девизните пазари, во вторникот во претпладневното тргување, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,77 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,01 поен.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 150,50 јени, колку што беше и во понеделникот воистиот период.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера изнесуваше 1,0815 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,02 отсто, на 82,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто, на 77,65 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.