![dolar nafta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/dolar-nafta.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
На валутните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,27 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето време изнесуваше 106,40 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,05 на 150,35 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0520 долари, додека вчера во истиот пресек на тргувањето изнесуваше 1,0505 долари.
Еврото е стабилно, иако вчера францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на Владата, со што се продлабочи политичката криза која трае со месеци.
Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,03 отсто, на 72,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,04 отсто, на 68,50 долари.