На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми минатата седмица, втора со ред, бидејќи стивнуваат шпекулациите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во март.
Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица се зголеми за 0,8 отсто на 103,26 поени.
Истовремено, доларот зајакна за 0,5 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0898 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 2,2 отсто, на 148,15 јени.
На крајот од минатата година, доларот беше под притисок поради шпекулациите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) може агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од март. Сепак, овие шпекулации ослабеа во последните седмици, со оглед на тоа што податоците укажуваат на стабилен економски раст, па нема причина за нови стимулации. Дотолку повеќе што инфлацијата сè уште е далеку над целните нивоа на Fed од околу 2 проценти.
Затоа, челниците на Fed велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки. До пред само десет дена, пазарот процени дека има речиси 80 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки во март, но сега тие шанси се намалија на само околу 50 отсто.
Слабеа и шпекулациите за намалувањето на каматните стапки на Европската централна банка (ECB), имајќи предвид дека голем број претставници на Европската централна банка минатата недела изјавија дека е рано да се размислува за намалување на каматните стапки. Поради тоа, стивнаа шпекулациите дека ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки веќе во март, а сега се шпекулира дека тоа би можело да го направи во април.