Доларот зајакна, цените на нафтата во благ пад

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во тргувањето претпладнето во средата во однос на кошницата валути благо порасна трет ден по ред, а цените на нафтата, пак, го продолжија надолниот тренд.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,99 поени, додека ден претходно во истиот период од тругвањето изнесуваше 103,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,10 на 147,25 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0795 долари, додека вчера во истиот дневвен пресе на пазарите изнесуваше 1,0845 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително забележаа благ пад, откако во втоорникот паднаа на најниските нивоа од почетокот на јули.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,10 отсто, на 77,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,20 отсто, на 72,20 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.