Долг телефонски разговор на Обама и Путин за Крим

Американскиот претседател, Барак Обама, и неговиот руски колега, Владимир Путин, имале долг телефонски разговор за ситуацијата во Украина.

Во нивниот долг разговор, Обама му рекол на Путин дека влезот на Русија во Украина претставува кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја, соопшти Белата куќа.

Од друга страна, од Кремљ било порачано дека Русија не може да ги игнорира повиците за помош од Украина, но и САД и РУсија не смеат да ги жртвуваат своите односи.

Од Москва соопштуваат дека во текот на разговорите Путин истакна дека Русија реагира примерно во ситуацијата со „братската земја“ во рамки на меѓународното право.

Во текот на разговорите Обама ги изнел условите од дипломатското решaвање на кризата, за која се залагаат Американците.

„Претседателот Обама нагласи дека постои начин за дипломатско решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението.

Во соопштението од Кремљ се истакнува дека двајцата светски лидери „ги идентификувале разликите во пристапот кон проблемот за моменталната криза во Украина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.