Долгот на општините се зголемува – Арифи должи 11,7 милиони евра, а Шилегов 2,8 милиони евра

Само за три месеци вкупниот долг на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски „инјекции“, сепак најновите податоци од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека дел од општините го зголемиле долгот, но дел успеале да го намалат на квартално ниво. На новата должничката листа на која се наоѓаат близу 1.200 државни институции и фирми, јавни претпријатија, здравствени и образовни институции, министерства, се наоѓаат речиси и сите општини и Град Скопје.

Виско на должничката листа котираат општините според доспеаните, а неплатени обврски. „Порталб“ веќе ги обајви новите податоци за долговите на институциите под „државна капа“, но забележително е дека општините и натаму се рангирани високо според долговите.

Во првите триесет најголеми должници со доспеани а неплатени обврски на крајот од првиот квартал од годинава се шест општини и Град Скопје. Од општините и натаму најголем долг има Тетово – 11,2 милиони евра. „Порталб“ направи споредба со состојбата на крајот од декември – долгот на општина Тетово е зголемен за 1,5 милиони евра.

Според висината на долговот следна е општина Охрид со 7.000.000 евра,  во однос на претходниот квартал има намлаување за 122 300 евра. Општина Карпош на крајот од март имала долг од скоро 4,9 милиони евра што е помалку за 73 000 евра.

Доспеани, а неплатени обврски март 2021

Тетово 11,2 милиони евра

Охрид 7,0 милиони евра

Карпош 4,9 милиони евра

Гостивар 4,0 милиони евра

Делчево 3,1 милион евра

Струга 2,9 милиони евра

Град Скопје 2,8 милиони евра

И Општина Гостивар бележи намалување на долгот на квартално ниво.На крајот од март должела 4 милиони евра што е помалку за 510. 000 евра во однос на состојбата на крајот од декември. Мало намалување на долгот има и кај општина Делчево која е на листата во првите триесет најзадолжени субјекти – на крајот од првиот квартал со долг од 3,1 милион евра , помалку за 500 евра во однос на состојбата на крајот од декември. И општина Струга го намалила долгот за три месеци , заклучно со март изнесувал скоро 3.000.000 евра, со пад на доспеани обврски за 140 000 евра.

Град Скопје за разлика од претходната декемвриска листа каде има доспеани а неплатени обврски во износ од 276 000 евра, на мартовската листа пријавува доспеани а неплатени обврски од 2,8 милиони евра.

Вкупно , долговите на локланите власти во земјава на крајот од првиот квартал од годинава во споредба со последниот лани се зголемени за 2 милиони евра.

Доспеани, а неплатени обврски

Март 2021 година 62,2 милиони евра

Декември 2020 година 60,0 милион евра

Во однос на декември сепак дел од општините успеале да го намалт долгот, меѓу нив се и Студеничани, Василево, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, Дебар, Арачиново и други.

Останува фактот дека општините и покрај операцијата за „топење“ на долговите со државни средства и натаму пријавуваат милионски обврски. Во обид да го намалат должничкото салдо дел од градоначалниците во договор со доверителите ја исплаќаа главницата на долговите по различни основи но со отпишани камати – како модел да се намали долгот на локалната власт а во исто време и фимите кои побаруваа средства – сепак да ги наплатат побарувањата. Освен општините, високо на должничката листа котираат и Јавните претпријатија формирани на локално и на централно ниво.

Така, ЈП Колектроски систем должи 12,5 милиони евра, ЈП Водовод Куманово 7,9 милиони евра, ЈП МРТ 5,9 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје 5,6 милиони евра, ЈП Комунално претпријатие – Тетово 4,7 милиони евра а ЈП Чистота и зеленило Куманово должи 4,3 милиони евра. Останатите јавни претпријатија имаат долг помал од 4 милиони евра. На ниво на државата сите јавни претпријатија на локално и централно ниво заедно со државните трговски друштва должат 175 милиони евра со тренд на пораст на долгот во сопоредба со последниот квартал од минатата година.